Утрински Весник
Македонија

Четиригодишни близнаци се најмладите жртви од автобуската несреќа во Бугарија

Четиригодишни близнаци се најмладите жртви од автобуската несреќа во Бугарија

Близнаците Луан и Албан Ахмети се најмладите жртви од стравотната автобуска несреќа што се случи утринава на автопатот „Струма“ во Бугарија, кога се запали автобус на „Беса транс“ што се враќаше од Истанбул кон Скопје.

Бугарската новинска агенција БГНЕС објави дека најстариот патник имал 63 години, а повеќето патници се родени помеѓу 1971 и 2004 година.

Во несреќата загинаа 46 лица, а седум се повредени и пренесени во болница и немаат сериозни повреди.

На социјалните мрежи беа објавени фотографии од близнаците за време на нивниот престој во Истанбул викендов, заедно со нивните родители.

Можете да прочитате

Три жени во Скопје нападнати од своите сопрузи во последните 24 часа

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи низ Македонија

15годишник од Кочани полово нападнал друг малолетник