Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Челси е европски шампион, вторпат во историјата на клубот

Челси е европски шампион, вторпат во историјата на клубот
Dik 300x250 mk

„Сините“ од Лондон се на кровот на Европа, во финалето на „Драгао“ во Порто само еден гол беше доволен за победа вредна шампионска титула.

Иако се чини дека екипата на Пеп Гвардиола беше поопасна пред голот на Менди, сепак Челси во своите редови го има „командантот“ Нголо Канте кој го имаше насекаде на теренот.

Голот на Германецот Хаверц од 42 минута по вонсериското додавање на Маунт беше единствениот погодок.

Пех за Сити во вториот дел беше повредата на Кевин де Брујне во 58 минута, по судирот со Ридигер.

Канте – Хаверц – Пулишиќ, така се движеше топката во 72 минута и имаа голема шанса играчите на Челси да го решат мечот по притисокот од Сити во изминатите неколку минути, но сепак резултатот остана непроменет.

Последниот обид на мечот го имаше Ријад Марез, а топката упатена кон голот на Челси заврши неколку сантиметри над пречката.

По 2012, Челси по вторпат е европски шампион, а Манчестер Сити ќе почека на својата прва титула.

> Челси е европски шампион, вторпат во историјата на клубот <

Можете да прочитате

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион