Утрински Весник
Свет
Img 7972

Црна Гора ги отвора границите за Русите и Азербејџанците

Црна Гора ги отвора границите за Русите и Азербејџанците
Img 7972

Националното координативно тело за инфективни болести на Црна Гора (НКТ) одлучи да ги отвори границите за граѓаните на Русија и Азербејџан.

Според изјавата на црногорската влада, оперативниот штаб за туризам му предложил на НКТ Русија и Азербејџан да бидат да бидат додадени во „зелениот список“ на земји чии граѓани можат да влезат во Црна Гора без услови, и дека НКТ ја разгледува понатамошната либерализација во Црна Гора да влезат граѓаните на државите од Западен Балкан, пренесува ЦДМ.

Владата соопшти дека НКТ, со оглед на епидемиолошката состојба во земјите од регионот и особено веродостојноста и релевантноста на достапните податоци, како и потребите на црногорската туристичка економија и националните интереси на Црна Гора, оцени дека не постојат пречки за либерализација на влезот на руските и азербејџанските граѓани.

Сепак, како што велат, одлуката за граѓаните на околните земји е продолжена се додека црногорскиот Институт за јавно здравје не достави проценка на епидемиолошкиот ризик за Црна Гора, заснована врз либерализацијата на влезот на жителите од соседните земји за секоја земја поединечно.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа

Франција го евакуираше претседателот на Мадагаскар, не е позната неговата нова локација