Утрински Весник
Македонија
Img 7972

ЦГК: За новогодишното украсување општините потрошиле за 40 отсто помалку од лани

ЦГК: За новогодишното украсување општините потрошиле за 40 отсто помалку од лани
Dik 300x250 mk

Градот Скопје и 15 други општини низ земјава за новогодишно украсување за новата 2021 година потрошиле 405 илјади евра, од кои, само за украсувањето на Скопје се потрошени 298 илјади евра. Вкупните средства се за 40 отсто помалку во споредба со една година претходно, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

„Украсувањето на Скопје и на скопските општини вкупно чинело 298 илјади евра, што е три четвртини од сите пари потрошени за новогодишно украсување во земјава.
И годинава, најголем дел од вредноста на договорите за украсување добиле две скопски фирми – Линк Медиа Плус и Метал-Вет-Ел, а на пола од сите тендери имало само по една понуда“, соопштија од ЦГК.

Од украсување за оваа Нова година се откажале 9 општини кои имале тендери за претходната година, 14 општини имале тендери за украсување и лани и оваа година, а 3 општини и едно државно претпријатие немале лани, но имале тендери за 2021 година.
Минатата година тендери за украсување имале Град Скопје и 7 скопски општини, за разлика од годинава, кога објавиле тендери Град Скопје и уште 3 други скопски општини: Карпош, Гази Баба, Аеродром, но и Градскиот трговски центар.
Новогодишни пакетчиња за 2021 година купиле 56 институции, 14 од нив спровеле тендер, а другите 42 ги набавиле во вредност помала од илјада евра, за што не се спроведува тендер. Цените на едно новогодишно пакетче се движеле од 150 до 1.249 денари.

Од ЦГК потсетуваат дека ова истражување се реализира во рамки на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проект на УСАИД за граѓанско учество, а целта  е зголемување на ефективноста на јавното трошење, преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Утревечер ѕвездено небо над Штип во чест на Панчо, светлината што никогаш нема да згасне

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива

Османи до Меџити: Срамно лажеш дека мојот покоен татко направил дивоградба, стотици милиони евра испумпавте со дивоградби