Утрински Весник
Свет

Холандија ќе го поддржи кандидатскиот статус на Украина и Молдавија

Холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хукстра изјави дека холандската влада ќе го поддржи предлогот на Европската комисија за доделување на Украина и на Молдавија статус на земји кандидати за членство во ЕУ.

„ Со оглед на војната и се што се случува во Европа, важно е да бидеме обединети. Мислам дека предлогот на Европската комисија е избалансиран и Холандија ќе го поддржи“ изјави холандскиот министер за надворешни работи.

Тој оценува дека предлогот на комисијата е „избалансиран“, а во предвид е земена и геополитичката ситуација во Европа.

Можете да прочитате

Во Саудиска Арабија егзекутирани осум осуденици во еден ден

Македонска државјанка повредена во сообраќајка на Алјаска

Жена на 76 години за првпат стана мајка