Утрински Весник
Спорт

Халилхоџиќ: Не можам повеќе да го издржам ова

Со недели се шпекулира дали Вахид Халилхоџиќ ќе го води Мароко на Светското првенство во Катар. Мароко таму е во група со Хрватска, Белгија и Канада.

Да потсетиме, Халилхоџиќ претходно од националниот тим ги исфрли Хаким Зиех, Амине Харит и Нусаир Мазрауи, а сега челниците на Федерацијата бараат враќање на најголемите ѕвезди во националниот тим.

Марокански „Спорт 360“, наведува и дека назначувањето на португалскиот тренер Андреа Вилаш Боаш е подготвено доколку Халилхоџиќ не одговори позитивно на овој ултиматум.

„Јас сум предмет на кампања на критики и наместо да зборуваат за мојот настап и успех, тие зборуваат за моето отпуштање. Не можам повеќе да ја поднесам оваа ситуација“, изјави Халилхоџиќ за весникот „Кора“.

„Во моментов сум во мојата канцеларија, работам и не обрнувам внимание на она што се случува околу мене. Ми требаше пауза по голем притисок во последно време и мислам дека заслужив малку одмор по сето она што го постигнав со Мароко“.

> Халилхоџиќ: Не можам повеќе да го издржам ова <

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026