Утрински Весник
Магазин

Фриман, Пачино, Мирен, Девито во нов филм

Фриман, Пачино, Мирен, Девито во нов филм
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Оскаровците Морган Фриман, Ал Пачино, Хелен Мирен и номинираниот за „Оскар“ Дени Девито ќе глумат во „Сниф“, стилска реинвенција на филмскиот ноар жанр што ќе го режира оскаровецот Тејлор Хакфорд.

Ова, според светските шоу-биз медиуми, е првиот жежок пакет што беше претставен во рамки на пазарот на меѓународниот филмски фестивал во Торонто.

Endeavour Content ја започне продажбата во светски рамки на меѓународниот филмски фестивал во Торонто (TIFF), а CAA Media Finance заедно го претставуваат САД.

Во филмот по сценарио на Том Греј, двајца жители на луксузна заедница на пензионери умираат под сомнителни околности. Пензионираниот детектив Џон Малреј (Фриман) се враќа во акција по повик од неговиот поранешен партнер Вилијам Кис (ДеВито) и тие откриваат тајно подземје на секс, дрога и убиства во богатата заедница што ја контролира Харви Страјд (Пачино), и неговата фатална извршителка Спајдер (Мирен).

Називот на филмот, Sniff, е акроним за Senior Nursing Institute & Family Foundation.

Можете да прочитате

Нова теорија: Вулканска ерупција предизвикала домино-ефект и ја донела чумата од 14 век во Европа

Јуфки со блитва и печурки

Дедо Мраз меѓу традицијата и вистината