Утрински Весник
Економија

Франција планира да изгради најмалку шест нуклеарни централи

Франција планира да изгради најмалку шест нуклеарни централи

Франција ќе изгради најмалку шест нови нуклеарни реактори во наредните децении, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон, ставајќи ја нуклеарната енергија во првите редови на аспирациите на неговата земја да постигне јаглеродна неутралност до 2050 година.

Макрон рече дека новите електрани ќе бидат изградени и управувани од добавувачот на енергија ЕДФ, кој е под контрола од државата и дека десетици милијарди евра од јавниот сектор ќе бидат мобилизирани за финансирање на тие проекти, објави „Ројтерс“.

„Она што ѝ треба на нашата земја, а услови за тоа постојат, е повторното раѓање на француската нуклеарна индустрија“, посочи Макрон.

Ветувајќи дека ќе го забрза развојот на сончевата енергија и енергијата на ветрот покрај морето, Макрон исто така рече дека сака да го продолжи векот на најстарите нуклеарни електрани во земјата на повеќе од 50 години за одредени реактори, под услов тие да се безбедни.

ЕДФ проценува дека изградбата на шест нови реактори ќе изнесува околу 50 милијарди евра, во зависност од условите за финансирање.

Можете да прочитате

Горивата поскапуваат – ова се новите цени

УЈП со потсетување: Време е за поднесување на ДДВ – 04 пријавите

МЕПСО оди под Министерство за енергетика, АД ЕСМ останува под надлежност на Владата