Утрински Весник
Свет

Франција го намали времето помеѓу втората и третата доза на вакцина против ковид

Франција го намали времето помеѓу втората и третата доза на вакцина против ковид

Франција најави дека ќе го намали времето помеѓу втората и третата доза на вакцина против Ковид-19 на четири месеци и ќе бара од луѓето да покажат доказ за вакцинација за да влезат во некои места, поради ширењето на омикронот.

Според информациите, мерката ќе стапи на сила од јануари, најави денеска францускиот премиер Жан Кастек.

Тој, исто така, рече дека големите јавни настани и огномет ќе бидат забранети на новогодишната ноќ и препорача луѓето, дури и ако се вакцинирани, да поминат само-тест за Ковид-19 пред да одлучат да учествуваат на собири и забави на крајот на годината, пренесе „Ројтерс“.

Владиниот портпарол Габриел Атал на 14 декември изјави дека во земјата има околу 130 потврдени случаи на омикрон и дека здравствените власти постојано ја следат состојбата кога станува збор за епидемијата.

Можете да прочитате

На 25 септември Ердоган оди на гости кај Трамп

Зеленски: Тројца убиени и десетици ранети во рускиот напад со дронови и ракети врз Украина

САД нападнаа брод кој превезува дрога, објави Трамп