Утрински Весник
Свет

Фон дер Лајен подготвена да ја прими вакцината на „АстраЗенека“

ЕУ му понуди помош на Либан

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен апсолутно ќе ја прими вакцината на „Астразенека“, потврди нејзиниот портпарол Ерик Мамер.

Портпаролот на ЕК го кажа тоа одговарајќи на прашањето на новинарите заради кризата околу вакцината од овој производител, чија употреба беше суспендирана од околу 11 земји членки на Европската Унија.

Овие држави престанаа да ја користат оваа вакцина откако податоците покажаа дека кај некои пациенти се развила тромбоза, а некои починале.

Европската агенција за лекови (ЕМА) постојано посочуваше дека последиците не се директно поврзани со вакцината.

Светската здравствена организација (СЗО) исто така ги повика земјите да не престанат со имунизација со вакцината на „Астразенека“ откако тоа го сторија неколку земји од Европската Унија.

Во соопштението се вели дека нема докази за поврзаност помеѓу вакцината и згрутчување на крвта.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот

Oграничена употребата на мобилни телефони во училиштата во Финска

Украински напади со беспилотни летала на југот на Русија, најмалку три лица загинаа