Утрински Весник
Спорт

Федерер: Во моментов не гледам причина да тренирам

Федерер: Јас сум единствениот кој мисли дека е врме АТП и ВТА да се обединат?

Базел, 23 мај 2020 (МИА) – Роџер Федерер, носителот на рекордни 20 Гренд слем титули, откри дека во моментов не тренира и не гледа причина да го прави тоа. Бр. 4 во светот е фокусиран на неговото семејство во моментот. Швајцарецот и неговата сопруга Мирка имаат две момчиња близнаци и две близначки.

– Од операцијата во 2016 година, немав поминато пет последователни недели дома. Беше одлично време за целото семејство, имаме среќа да бидеме здрави. Нашето семејство и пријатели се добри. Понекогаш полудуваме, поминувајќи толку многу време заедно, но тоа е нормално. Вистината е, јас не тренирам бидејќи, искрено, не гледам причина да го сторам тоа во моментот. Физички сум добро и мислам дека ќе биде долго време пред да започнеме повторно да се натпреваруваме. За мене е важно сега да се одморам добро, рече Федерер во разговорот со друг поранешен бр.1 во светот – трикратниот шампион на „Ролан Гарос“, Густаво Куертен (Бразил)..
Тој додаде дека не му недостасува толку многу тенисот.

– Иако кога се приближуваме кон враќање и имам цел да тренирам, ќе бидам супер мотивиран, додаде 38-годишниот Швајцарец, цитиран од „essentialsports.com“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026