Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Фатен е крадец кој украл чанта од возрасна жена и лап топ од болница

Img 7972

На 10.08.2022 по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Д.М.(33) од Штип.

dobivaj vesti na viber

Тој се сомничи дека на 29.07.2022 на ул.„Ванчо Прќе“ во Штип извршил кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин, одземајќи ѝ чанта и мобилен телефон на 82-годишна жена и кривично дело „кражба“, извршено на 30.07.2022, при што од работна просторија во состав на Клиничката болница Штип одзел торба со лап топ компјутер и други предмети, сопственост на вработен во болницата.

Во просториите на СВР Штип при извршен службен разговор, осомничениот ги појаснил времето, местото, начинот и околностите на вршење на кривичните дела, како и на лицата на кои им ги продал одземените предмети.

Украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на оштетените граѓани.

По целосно документирање на случајот против Д.М. до ОЈО ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села

Мицкоски: На овие избори бираме каде да се движи државата – одлуката не е едноставна

Филипче: Да не се проектите на СДСМ, Мицкоски нема ни каде да се слика, има нула инвестиции