Утрински Весник
Свет

Училиште во Кина ги затвори учениците цела ноќ поради еден случај на Ковид-19

Училиште во Кина ги затвори учениците цела ноќ поради еден случај на Ковид-19
Dik 300x250 mk

Едно кинеско училиште затвори десетици ученици откако било откриено дека едно лице вработено во училиштето е позитивно на Ковид-19.

Поголема група родители се собраа пред училиштето и со нетрпение чекаа информации за тоа што се случува во училиштето речиси до полноќ, јавува Би-Би-Си.

Децата на возраст меѓу седум до 12 години биле тестирани за Ковид-19 и наводно им било кажано дека мораат да останат на училиште преку ноќта за да ги чекаат резултатите од тестот.

Според пишувањето на локалниот информативен портал „Џим њуз“, директорот на училиштето конечно се појавил околу 23:30 часот по локално време и им рекол на родителите кои чекале дека некои деца ќе мора да одат во карантин.

Тој ги замолил родителите да им спакуваат облека за децата кои остануваат во училиштето преку ноќта и додал дека учениците ќе бидат ослободени следниот ден кога ќе бидат објавени резултатите, се наведува во извештајот.

Можете да прочитате

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Орбан предизборно ќе исплати 14-та пензија