Утрински Весник
Македонија

Учениците од „Димитар Влахов” со мотивирачко видео и календар против Ковид-19

Учениците од „Димитар Влахов” со мотивирачко видео и календар против Ковид-19

Скопје, 2 мај 2020 (МИА) – Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов” во општината Кисела Вода, и во овој период, кога цел свет се соочува со предизвиците кои ги носи коронавирусот, најде начин да ги држи активни своите ученици. Специјалните едукатори и рехабилитатори Марија Србиноска и Мери С. Јовановска, изработија мотивациски календар за учениците од ова училиште, кој нуди совети и ангажмани за секој ден од месецот, соопштија од Општина Кисела Вода.

Од Општината наведоа дека календарот е насловен „Започни со тоа што е задолжително, потоa направи го тоа што е можно и одеднаш го правиш невозможното”, и нуди 31 активност преку кои, како што се велат, ќе се сочуваме себеси и останатите.

– Покрај ова, овие специјални едукатори и рехабилитатори, заедно со учениците од ДУРМДОВ „Димитар Влахов”, изработија и видео во кое учениците раскажуваат како ги минуваат деновиве во кои ги почитуваат Владините препораки- да се седи дома и да се биде безбеден и за себе и за околината, истакнаа од Општината.см/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерот Филков ќе магистира на тема за владиниот ресор со кој раководи

МакедонијаСДСМ ги објави имињата на уште тројца кандидати за градончалници

Семејството на смртно прегазената Теодора револтирано: „Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор?“