Утрински Весник
Македонија

Утре сончево време со температура до 19 степени

Утре сончево време со температура до 19 степени
Dik 300x250 mk

Утре наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно јужен ветер. Утринската температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната од 12 до 19 степени, информира УХМР.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Во следниве денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневните температури. Утринските температури уште утре на повеќе места ќе биде негативна и под просекот за овој период од годината, а потоа и тие ќе се покачуваат.

Од вторник ќе има повеќе облачност, понестабилно време со појава на повремен врнежи од дожд.

Можете да прочитате

Хаким Рамадани си прави митинг во Челопек за време на изборен молк (ВИДЕО)

ДИК: Гласањето на болните и немоќните лица помина без неправилности, резултатите ќе се објават утре

Додека преземал службени дејствија жител на Велешта нападнал полициски службеник