Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Утре, претпладне сончево, попладне со дожд, грмежи и засилен ветар

Променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд
300x250 opst2

Времето утре, претпладне ќе биде сончево и топло со мала облачност. Попладне, претежно на истокот и североистокот од земјава ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната од 25 до 33 степени. УВ=8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во Скопската Котлина ќе има услови за локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе биде околу 14, а максималната ќе достигне 30 степени.

Од понеделник следува период на променливо облачно време, околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Можете да прочитате

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

Мицкоски: Има над 80 кривични пријави во фиоките на Обвинителство, а клучот е некаде на Бихаќка

Филипче од Кривогаштани: Економијата е во пад, народот има сè помалку пари, а власта не презема ништо