Утрински Весник
Македонија

Утре во „Лајка” отворен ден за вдомување на кучиња

Утре во „Лајка” отворен ден за вдомување на кучиња

ЈП „Лајка“ утре од 10 до 13 часот, организира отворен ден на кој ги поканува сите љубители на кучиња, особено оние што размислуваат да вдомат куче од прифатилиштето во овој стационар.

„ На отворениот ден во ЈП „Лајка“ се поканети и сите граѓани кои сакаат да донираат за да се подобрат условите во прифатилиштето за кучиња. Добредојдени се донации во форма на храна и средства за хигиена.

Граѓаните кои планираат или размислуваат да вдомат куче и сакаат својот миленик да го изберат од прифатилиштето на Лајка, ќе имаат можност на отворениот ден да се подружат со кучињата за кои се заинтересирани, да добијат детални информации за секое од нив, како и за процесот на вдомување.

Дојдете во ЈП „Лајка“ да покажеме дека во Скопје постојат позитивни примери на граѓани, вистински љубители на кучиња кои се грижат и придонесуваат за подобрување на состојбата во која се наоѓаат овие бездомни животни“ велат од „Лајка“.

Можете да прочитате

Тажно, исчезнатата Лидија е жената која беше извлечена од Вардар

Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола

Марта Кос: Северна Македонија треба да го промени Уставот