Утрински Весник
Спорт

УС Опен може да се одржи на терените во Индијан Велс оваа година

Судбината на УС Опен ќе стане јасна во јуни
Dik 300x250 mk

Индијан Велс, 25 апил 2020 (МИА) – Отвореното првенстви на САД би можело да се одржи во Индијан Велс оваа година, според „Марка“.

Њујорк, каде традиционално се одржува Гренд-слем турнирот, е еден од градовите најмногу погодени од пандемијата од коронавирус, а спортскиот комплекс во моментов се претвора во привремена болница. Калифорнија, каде се наоѓа Индијана Велс, има поголема веројатност порано да се опорави од коронавирусот.

Индијан Велс е домаќин на еден од најголемите турнири на АТП и ВТА календарот, така што инфраструктурата е во можност да биде домаќин на натпревари од Гренд-слем.

Турнирот во Индијан Велс беше првиот што не се одржа оваа година заради кризата со коронавирусот.

УС Опен треба да започне на 24 август.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони