Утрински Весник
Свет

Украина ја тужеше Русија во Хаг

Украина ја тужеше Русија во Хаг

Украина поднесе тужба против Русија до Меѓународниот суд на правдата на ОН во Хаг, изјави претседателот Володимир Зеленски, пишуваат светските медиуми.

„Украина поднесе барање против Русија до Мeѓународниот суд на правдата. Русија мора да биде одговорна за манипулирање со поимот геноцид за да ја оправда агресијата. Бараме итна одлука со која и се наредува на Русија да престане со воената активност сега и очекуваме судењата да започнат следната недела“, рече Зеленски.

Можете да прочитате

Цените на пластиката драстично се зголемија поради затворањето на Ормуз

Трамп со нова закана кон Иран: На ред се мостовите и електраните

Рекордна цена на дизелот во Германија