Утрински Весник
Македонија

Уапсен крадец од Скопје, извршил две тешки кражби

Уапсен крадец од Скопје, извршил две тешки кражби

32-годишен скопјанец бил приведен поради сомнение дека извршил тешка кражба во книжарница во Скопје.

Според полицијата, вчера во 14.45 часот во парк на ул.„11-ти Октомври“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ во книжарница на ул„Ѓуро Стругар“ во Скопје.

Во разговор со полициски службеници тој ги признал делата.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Мечка во Отуње снимена како пребарува по тераса 

Разбиена криминална група со нафта: 13 лица осомничени за даночна измама и перење пари

ФФМ изрече најстрога санкција – Доживотно исклучување за играч на Шкупи