Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Уапсен инспектор на УЈП, кој барал поткуп од 700 евра

Img 7972

Полицијата го приведе Ј.К.(63) од Скопје, вработен како инспектор во Управата за јавни приходи поради примање на поткуп.

dobivaj vesti na viber

Тој во својство на службено лице, во текот на месец мај и почетокот на месец јуни, постапувајќи по налог за контрола на ДДВ, од сопственик на правно лице од Скопје, побарал парична награда-поткуп во износ од 700 евра за да преземе службено дејствие што не би смеело да го преземе, односно да изготви Записник со помал наод, кој по негово кажување требало да изнесува 600.000 денари.

Ј.К., по претходен телефонски разговор и договор за средба, во текот на денешниот ден во Скопје ги побара и прими паричните средства во побараниот износ, по што од страна на полициски службеници е приведен. По претходна наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес кај лицето, при што се пронајдени паричните средства кои беа дадени од страна на правното лице. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Можете да прочитате

Филипче од Ресен: На 19 октомври масовно излезете на изборите, заедно да ја вратиме надежта

Бузлевски: Време е за Преспа без отпад, со силно земјоделство и туристички развој

Филипче од Ресен: Со СДСМ земјоделците добиваа реална помош, со ВМРО-ДПМНЕ се без субвенции и со ниски откуни цени