Утрински Весник
Македонија

Уапсени тројца малолетници од Скопје осомничени за тешка кражба

Уапсени тројца малолетници од Скопје осомничени за тешка кражба

Тројца малолетници од Скопје биле лишени од слобода поради сомнение за тешка кражба, соопшти полицијата.

Имено, денеска, во 3 часот, на улицата Тодор Чангов во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје поради сомнение дека сториле две кривични дела – тешка кражба на дрзок начин на 1.3 и 8.3.2022 и едно кривично дело одземање моторно возило.

Тие биле приведени во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници, во присуство на нивни родители, ги признале делата.

По целосно документирање на случаите, против малолетниците ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце

ДЗС: Под целосна контрола пожарот во близина на Скопскиот аквадукт

Локализиран пожарот што избувна во местото Аквадукт