Утрински Весник
Економија

Трифун Костовски: На 22 август ја објавувам вистината за стечајот на Еуростандард банка

Dik 300x250 mk

Бизнисменот Трифун Костовски најави дека на 22 август ќе ја објави вистината за стечајот на Еуростандард банка.

dobivaj vesti na viber

„Со гордо срце и чиста мисла денеска официјално најавувам дека на ден 22 август 2022 година во Скопје ќе биде обзнаен извештајот од мојата приватна истрага поврзана со стечајот на Еуростандард банка, која се работеше во изминатите 15 месеци“, најави Костовски.

Овој извештај, како што посочи, е направен од тимот на експерти за банкарски криминал под водство на господинот Драго Кос. На неговата презентација пред македонската јавност ќе присуствуваат и еминентни стручњаци во банкарскиот систем од земји членки на Европската Унија.

Можете да прочитате

Просечната нето плата во август 45 310 денари

УЈП направи техничка надградба на нејзините електронски системи

Мицкоски: Потпишавме Меморандум за разбирање со „Бурсток“, која ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари