Утрински Весник
Свет

Трамп ја критикуваше советничката за коронавирус во Белата куќа: Отворете ги училиштата

Трамп ја критикуваше советничката за коронавирус во Белата куќа: Отворете ги училиштата

Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше советничката за коронавирус во Белата куќа Дебра Биркс бидејќи таа на националната телевизија изјави дека новото зголемување на бројот на заразени е екстремно распространето во руралните делови на земјата и градовите.

Трамп напиша на „Твитер“: „Во повеќето делови на земјата ситуацијата е многу добра. Отворете ги училиштата“.

Ден претходно, д-р Дебра Биркс, координатор на работната група за коронавирус во Белата куќа, за „Си-ен-ен“ изјави дека САД се наоѓаат во нова фаза.

„Она што го гледаме денес е различно од ситуацијата во март или април. Сите што живеат во руралните области треба да знаат: не сте имуни или заштитени од овој вирус“, рече Биркс, пренесува „Гласот на Америка“.

Таа рече дека патувала во 14 земји во последните три недели и дека е загрижена за некои работи што ги видела.

Ненси Пелоси, претседателка на Претставничкиот дом, која ја контролираат демократите, за телевизијата „Еј-би-си“ изјави дека не верува во претходните процени на Биркс, направени пред неколку недели, дека вирусот се повлекува во САД пред новиот скок на бројот на случаи во средината на јуни.

„Мислам дека претседателот шири дезинформации за вирусот и таа е именувана од него, така што немам доверба“, рече Пелоси во програмата „This Week“.

Трамп напиша на „Твитер“: „Лудата Ненси Пелоси кажа страшни работи за д-р Дебра Биркс, таа ја критикуваше затоа што е премногу позитивна во однос на многу добра работа што ја работиме во борбата против кинескиот вирус, вклучувајќи ги и вакцините и лековите. За да и одговори на Ненси, Дебра ја проголта мамката и нè критикуваше. Патетично!“

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД размислуваат да испратат нов противракетен систем во Израел

Силен земјотрес регистриран во близина на брегот на Коста Рика

Штабот на Трамп побарал воени авиони и противракетна заштита на неговите митинзи поради можен атентат од страна на Иран