Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Токио се приклучи на дипломатскиот бојкот на Зимските олимписки игри

Токио се приклучи на дипломатскиот бојкот на Зимските олимписки игри
300x250 opst2

Јапонија денеска објави дека нема да испрати делегација на министри во име на владата на отворањето на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Јапонија нема да испрати делегација, но ќе присуствуваат тројца функционери на Олимпискиот комитет, по примерот на САД за дипломатски бојкот во знак на протест поради наводното кршење на човековите права во Кина.

Јапонскиот функционер Хироказу Мацуно изјави дека Токио не планира да испрати „државна делегација“.

Според него, на ЗОИ во Пекинг ќе присуствуваат претседателот на Организацискиот одбор на Игрите во Токио, Сеико Хашимото, претседателот на Јапонскиот олимписки комитет, Јасухиро Јамашита и претседателот на Јапонскиот параолимписки комитет, Казујуки Мори.

Мацуно истакна дека тројцата официјални лица ќе присуствуваат на поканата на Меѓународниот олимписки комитет и Комитетот за параолимписки игри.

Одлуката на Јапонија да не испрати државна делегација уследи по сличен потег на САД и други земји како Австралија, Британија и Канада.

Јапонските спортисти ќе учествуваат на Зимските олимписки игри кои почнуваат на 4 февруари.

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа