Шестнаесетгодишно дете почина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Куманово-Свети Николе.
Тој управувал мотор, а се судрил со патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од М.М.(24) од Куманово и паркирано патничко моторно возило„југо“, сопственост на Т.Т. од Кумнаово.
Возачот на „БМВ“-то првично го напуштил местото на настанот, а потоа самиот се пријавил полицијата.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.