Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден скопјанец, кој со автомобил излетал од патот

Тешко повреден скопјанец, кој со автомобил излетал од патот

Четириесет и деветгодишен скопјанец е тешко повреден откако излетал со автомобил од патот во Кривопаланечко. Несреќата се случила вчера попладнето, кај населбата Домачки Дол – Осичка Маала, на местото викано Радева воденица.

Во несреќата возачот Г.В.(49) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.

Можете да прочитате

Јаневска: Институт работел во просторија на обложувалница со две столчиња и душек

Скопјанка физички нападната од нејзин колега

Павле Трајанов: Во сложени состојби, потребно е единство