Утрински Весник
Македонија

Тешко повредена тетовчанка, била удрена од автомобил

Тешко повредена  тетовчанка, била удрена од автомобил

Денеска околу 07.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во тетовска Брвеница патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот С.И. од тетовска Волковија, удрило во 35-годишната Ц.Ј. од Брвеница.

Во несреќата Ц.Ј. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Можете да прочитате

Под контрола два пожари на отворен простор

Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“ во последните три дена

Апасиев во Крушево: Борбата е вечна, победата неизбежна