Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Тетовец оштетен за околу 10.000 евра, три лица меѓу нив и банкарски службеник му ја злоупотребиле сметката

Dik 300x250 mk

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(32) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“, против М.М.(46) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „помагање“ во врска со кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против Р.И.(46) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање“ во врска со кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „непријавување кривично дело или сторител“.

dobivaj vesti na viber

На 19.11.2021 првопријавениот, во својство на референт во филијала на банка во Тетово, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, без знаење и согласност на лице од Тетово, извршил систематско фиктивно евидентирање на полномошно со кое второпријавениот бил внесен како овластено лице кое може да располага со финансиските средства од сметката на оштетеното лице.

Истиот ден (19.11.2021), првопријавениот од сметката на оштетениот реализирал безготовински трансфер од 622.559 денари на сметка на второпријавениот во друга банка, кои второпријавениот подоцна ги префрлил на сметка на третопријавениот.

Второпријавениот, на 22.11.2021 на шалтер во банката, од сметката на оштетениот реализирал безготовински трансфер на финансиски средства во износ од 615.220 денари на сметката на третопријавениот.

Третопријавениот, и покрај тоа што знаел за ваквите криминални активности, ги ставил на располагање своите лични податоци, вклучувајќи ги и своите трансакциски сметки отворени во неколку банки, и не го пријавил случајот во надлежните институции.

Можете да прочитате

Филипче од Ресен: Со СДСМ земјоделците добиваа реална помош, со ВМРО-ДПМНЕ се без субвенции и со ниски откуни цени

Сабри Азири му се обрати на Бујар Османи: Како може да го бараш гласот на граѓаните на Чаир кога никогаш не им попобара прошка на семејствата од Скопје што беа прогласени за ‘монструми’?

Вилма Русковска: Боки 13 ги однел парите од „Рекет“ дома, а наводните пораки од неговиот телефон се лажни