Утрински Весник
Македонија

Тепачка во скопска кафеана, приведени три лица

Тепачка во скопска кафеана, приведени три лица

Доцна синоќа во полициската станица Аеродром, 38-годишен скопјанец пријавил дека во угостителски објект на улицата „23 Октомври“, додека седел со двајца другари, физички бил нападнат од неколку лица.

Според пријавеното, лицата продолжиле со нападот надвор од објектот, при што едно од лицата се обидело да го нападне со остар предмет, но во тој момент дошла полиција и ги привела напаѓачите.

Во полициска станица на лицата З.К.(28), Д.Ј.(37) и А.Т.(38), сите од Скопје, сочинети им се записници за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Меџити: Не се обединија за народот, туку за спас на Али и бизнисите

Крешник Бектеши се огласи на „Фејсбук“ од куќен притвор

Во неколку општини СДСМ нема да има кандидат за градоначалник, туку само советнички листи