Утрински Весник
Спорт

Теодосиќ избран во „Тимот на деценијата“ во Евролигата

Србите без Теодосиќ ќе отпатуваат во Кина

Барселона, 7 април 2020 (МИА) – Српскиот кошаркар Милош Теодосиќ е избран во симболичниот тим на Евролигата за оваа деценија.

На гласањето учествуваа навивачи, новинари, играчи и тренери на клубовите.

Теодосиќ беше прогласен за МВП на сезоната 2009/10 како дел од Олимпијакос. Во 2011 година, тој се пресели во ЦСКА, со кого играше шест пати на фајнал фор, а во 2016 година ја освои титулата во елитното натпреварување.

Србинот беше дел од идеалната петорка во сезоните 2009/10, 2014/15 и 2015/16.

Заедно со Василис Спанулис, Теодосиќ е еден од двајцата играчи кои успеаја да заработат повеќе од 2.500 поени и 1.000 асистенции за една деценија. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл