Утрински Весник
Спорт

Тандерволд заврши со настапите на ЗОИ

Тандерволд заврши со настапите на ЗОИ

Норвешката бијатлонка, Ингрид Ландбарк Тандерволд, кола колабираше вчера во потерата на 10 километри, повеќе нема да се натпреварува на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Тандерволд, остна без сила некаде на 300 метри до целта, во момент кога беше на третата позиција. На крајот трката ја заврши на 14.место. Веднаш по влегувањето во целта и беше укажана лекарска помош, а потоа беше префрлена во болница.

Тандерволд изјавила дека се чувствува многу подобро, но дека нема повеќе да се натпреварува во Пекинг. Рекла дека мора да биде внимателна, бидејќи во минатото имала срцеви проблеми.

Бијатлонката од Норешка ќе се врати дома, каде ќе и бидат повторно направени детални прегледи.

> Тандерволд заврши со настапите на ЗОИ <

Можете да прочитате

Македонското фудбалско првенство продолжува на 10. февруари

Ѓоковиќ: Ќе се вратам на АО, но дали ќе ме видите тука како активен играч, времето ќе покаже

Осогово и Вардар со хуманитарен натпревар за жртвите од трагедијата во Кочани