Утрински Весник
Свет

Талибанците им наредиja на телевизиските водителки да си ги покријат лицата

Dik 300x250 mk

Талибанците им наредиja на новинарките во сите авганистански медиуми да ги покриваат лицата кога се појавуваат на телевизија, објавија локалните медиуми во четвртокот.

Големата авганистанска медиумска куќа TOLOnews ја објави веста на својот официјален Твитер профил.

Веста за ДПА ја потврдија неколку новинари и продуценти од Кабул. Талибанците ги информираа сите телевизиски станици дека новата наредба е конечна и дека „не е за дискусија“, пренесоа медиумите. На социјалните мрежи се шират фотографии од водителките на покриени лица.

Еден од локалните ТВ продуценти изјави дека според новата наредба, лицата на водителките мора да бидат покриени „за да им се гледаат само очите“. Талибанците сè уште не издале јавно соопштение во врска со наредбата, која следеше набргу откако го воведоа правилото дека жените мора да го покриваат лицето на јавно место.

Откако се вратија на власт, талибанците систематски ги кршат човековите права во земјата и воведоа сериозни ограничувања за медиумите. Имаше неколку случаи на тепање и притворање на новинари поради извршување на нивната работа, а на девојчињата и жените им беа одземени голем број права, вклучително и правото на образование, работа и движење.

Можете да прочитате

Кнесетот прелиминарно усвои два закона за проширување на израелскиот суверенитет на Западниот Брег, Нетанјаху против

Новата премиерка на Јапонија свири тапани за опуштање, има црн појас во карате и вози мотор

Најмалку 40 мигранти загинаа во бродолом во близина на Тунис