Утрински Весник
Свет

Талибанците ги исклучија девојчињата од средно училиште во Авганистан

Талибанците ги исклучија девојчињата од средно училиште во Авганистан

Талибанската влада во Авганистан објави дека засега само момчиња ќе посетуваат средни училишта, а професорите ќе бидат исклучиво мажи.

Во соопштението се посочува дека на девојчињата не им е дозволено да се враќаат во средните училишта, но се наведува дека има планови наскоро za отворање женски средни училишта.

Оваа одлука потсетува на владеењето на Талибанците во 1990 -тите, кога на девојчињата не им беше дозволено да посетуваат основно училиште.

Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид изјави дека наскоро ќе бидат отворени женски училишта и дека во моментов се работи на процедури и детали.

Пред неколку дена, Талибанците објавија дека на девојчињата ќе им биде дозволено да учат, но не заедно со мажи, и под услов строго да ги почитуваат новите прописи за облека.

Ова, како што пишуваат медимите, се толкува како забрана за студирање, бидејќи универзитетите немаат доволно човечки ресурси и нема да можат да обезбедат доволен број професорки за да предаваат.

Аналитичарите велат дека истиот проблем ќе постои и во средните училишта.

Кога Талибанците ја напуштија власта во 2001 година, немаше девојчиња во основните училишта, а минатата година имаше два и пол милиони, а бројот на писмени жени во Авганистан се зголеми за 30 проценти.

„Сето ова потсетува на она што го направија Талибанците во 1990 -тите, кога добивме генерации неписмени жени“, рече поранешната портпаролка на Министерството за образование, Норорија Нижат.

Можете да прочитате

Моди и Путин го потврдија посебниот однос помеѓу Индија и Русија

Путин: Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување

Ким со возт патува кон Пекинг