Утрински Весник
Македонија

Талески: Почнува исплатата на субвенции за тутун

Талески: Почнува исплатата на субвенции за тутун

На предлог на пратеници од парламентарното мнозинство, предводено од СДСМ, Собранието вчера ги усвои предлог-измените на Законот за земјоделство и рурален развој, соопшти Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Како што рече, остранети се пречките за исплата на субвенциите за тутунарите за оваа година.

„Она што е важно да знаат тутунопроизводителите, е тоа дека Платежната Агенција веќе ги има преземено сите мерки и уште од следната недела ќе започне исплатата на субвенциите. Дека тутунарите се важни за СДСМ покажува и фактот што во петтиот пакет мерки обезбедивме дополнителни 307 милиони денари, односно пет милиони евра за поддршка на тутунопроизводителите“, изјави Талески.

Пратеникот им порача на тутунарите да бидат спокојни, бидејќи субвенциите за тутун ќе бидат исплатени навремено.

Можете да прочитате

Сопственик на угостителски објект во Куманово уценуван од поранешна вработена со помош на друго лице

Државниот архив одбележува 75 години од основањето

Уапсени две лица поради бегство од затвор, претходно осудени поради „тешка кражба“