Утрински Весник
Македонија

Студенти од Правен факултет го посетија Кабинетот на Претседателот

Студенти од Правен факултет го посетија Кабинетот на Претседателот

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Студенти од политички студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во рамки на активноста Отворен Кабинет.

Како што соопштија од Кабинетот на Претседателот, студентите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ имале можност да се сретнат со претседателот Пендаровски и непосредно да поразговараат за неговите активности и надлежности, да ги посетат просториите во кои се реализираат официјалните и работните средби, како и салите за свечености, состаноци, настани и прес-конференции.

За време на посетата, студентите биле запознаени и со историјатот на Вила Водно, со дел од активностите што се реализираат, како и со начинот на функционирање на оваа институција.

– Во согласност со воспоставената практика во Кабинетот, граѓаните да присуствуваат на настани од јавен карактер, денеска студентите имаа можност да присуствуваат на еден историски чин, потпишувањето на  Указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, се вели во соопштението.

Денешната посета на Вила Водно е во рамки на Отворен Кабинет, активност што овозможува директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски.

– Сите заинтересирани граѓани, институции и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет страница на претседателот – http://pretsedatel.mk/otvoren-kabinet/ имаат можност да остварат директна комуникација со претседателот Пендаровски, да споделат свои идеи, предлози и сугестии, како и да присуствуваат на настани од јавен карактер, што ќе бидат реализирани во Кабинетот, се додава во соопштението. мс/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: СДС се виновни што Груби неказнето крадеше, сите знаеја дека краде, а никој не смееше да го санкционира

(Видео) Нова епизода на подкаст Зрак со д-р Марина утре во 21.00 часот

За првпат после долго време – Воздухот во Скопје е чист