Утрински Весник
Македонија

Стефоска ќе иницира одземање на ингеренциите на Охрид и Струга поради изградбата на дискотеката „Парк“

Стефоска: Нашата култура да блесне како ѕвезда на Балканот, како што „Медена земја“ блесна во светот

Министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО, Ирена Стефоска соопшти дека ќе иницира пред Владата да им се одземат ингеренциите на општините Охрид и Струга, во врска со градежните активности на објектот ресторан – дискотека „Парк“, во Охрид.

Очигледно дека општините Охрид и Струга немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО. Оттаму, ќе иницирам пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие општини.

Во делот на надлежностите на Министерството за култура, на одговорност ќе бидат повикани Завод за заштита на спомениците на културата и музеј- Охрид како и Управата за заштита на културното наследство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ивановска: Оставката на Ленче Ристоска е пример за интегритет, но кој ќе одговара за одземањето на овластувањата?

Филипче: Во регионот само Владата на Мицкоски нема вистински мерки за граѓаните

Муцунски на виртуелен состанок на министри за надворешни работи од Европа, тема поморскиот коридор во Ормускиот теснец