Утрински Весник
Македонија

Стаменковска Стојкоски: Спасовски да ја разреши директорката на Агенцијата за вработување Јовановска

Стаменковска Стојкоски: Административците не добија покачување на платата од пет отсто

Скопје,13 февруари 2020 (МИА) –  Заменик министерката за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски бара премиерот Оливер Спасовски да ја разреши директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска и да поведе постапка за нејзина одговорност за, како што вели, непостапување, нестручно и незаконско работење.

Стаменковска Стојковски денеска изјави дека иако со дописи од 17 минатот месец побарала од АВРМ детален табеларен преглед на пријави и одјави од  работен однос за државен и јавен сектор одвоено и вкупно досега не добиле целосни и точни податоци. Наместо тоа, како што рече, директорката ни испрати хаотичен преглед што укажува на опструкции и прикривање на вистината од граѓаните за бројот на вработените во јавниот сектор.

Според Стаменковска Стојкоски, Јовановска во Агенција за вработување е именувана во 2017 година, без да ги исполни условите од законот за именување на директор и, како што наведе, очигледно ги исполнува потребите на СДСМ и Зоран Заев.

Заменик министерката за информатичко општество и администрација тврди дека Јовановска, вработува и распоредува вработени спротивно на закон и годишен план за вработување, како и дека вработените се под постојани притисоци со дисциплински постапки, закани и распоредувања од 100 км, 150 км, и 170 км, во еден правец, од адресата на живеење до работното место.

– Од тројца овластени претставници на синдикат, двајца се со по најмалку две отказни решенија додека третиот по препорака од Владата е распореден од Велес во Скопје. Неподобните немаат право на годишен одмор. Оценувањето не се спроведува. Се вработуваат лица без соодветно работно искуство, ….рече Стаменковска Стојкоски, дополнувајќи дека законите и прописите во државата мора да се почитуваат. лв/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Законот за правична застапеност прво на јавна дебата, па на Венецијанска комисија 

СДСМ: Секој ден се палат коли во Скопје, неспособноста на Тошковски е закана за безбедноста

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по претежно суви коловози