Српскиот претседател Александар Вучиќ лично му врачи орден на холивудскиот актер Џони Деп за неговиот исклучителен придонес во областа на културата, особено на полето на филмската уметност и промоцијата на Република Србија во светот, пренесува „Дејли мејл“.
Државното признание – златен медал за заслуги – му беше доделено по повод Денот на државноста.
По примањето на наградата, Деп (58) им се обрати на присутните, се присети на пријателството со Емир Кустурица и длабоко се заблагодари за укажаната чест.
„Почитуван господин претседателе, народе на Република Србија, уметници, продуценти… ова е навистина несекојдневен момент за мене и многу се гордеам“, рече актерот.
„Сега сум на почетокот на еден нов живот и ми се допаѓа овој почеток. Би сакал тој почеток да биде Србија, ако ме примате, се разбира“.