Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Средба на министерот Чулев со чешкиот амбасадор Томан

Средба на министерот Чулев со чешкиот амбасадор Томан
300x250 opst2

Скопје, 18 јуни 2020 (МИА) – Борбата против илегалната миграција, организацијата на парламентарните избори и справување со пандемија од Ковид -19, се темите на кои разговараа министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и чешкиот амбасадор Мирослав Томан на денешната работна средба во МВР.

На средбата, соопштија од МВР, од страна на амбасадарот Томан било врачено писмо од чешкиот министер за внатрешни работи Јан Хамачек со кое се потврдува заложбата за продолжување на учеството на чешките полициските службеници во заедничките операции на нашата јужна граница. Професионализмот и искуството на чешките полициските службеници, се наведува во соопштението, се од исклучително значење за нашата држава.

Министерот Чулев на средбата го запознал амбасадорот Томан со активностите кои Министерството за внатрешни работи ги презема во насока на успешна реализација на изборниот процес, како и од потребата за учество на набљудувачката мисија на ОБСЕ – ОДИХР и претставниците на меѓународната заедница. Притоа, тој ја потенцирал важноста од донесување на здравствениот протокол што е важен елемент во организација на изборите.

Чулев изразил и благодарност за досегашните донации на Чешка Република за Министерството за внатрешни работи и потенцирал дека тие значително придонеле за зајакнување на капацитетите и ефикасноста на полицијата.

Заеднички било заклучено дека по завршување на изборните процес меѓусебната соработка треба да продолжи со несмален интензитет. цр/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче од Јегуновце: Оваа власт е соголена од лагите кои самите ги ветуваа а не ги испорачаа

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

Филипче: Во Тетово се газат државните симболи, а Владата молчи, тоа е лицемерието на ДПМНЕ