Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Средба Маричиќ-Вархеји: Стабилноста на Балканот може да биде жртва на бугарската блокада

300x250 opst2

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во рамки на официјалната посета на Брисел, оствари тет-а-тет средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на која било разговарано за дијалогот помеѓу Скопје и Софија, за европската перспектива на Западен Балкан, ситуацијата во Украина и последиците од неа.

„Од клучен интерес за сите е зачувувањето на стабилноста во регионот и ориентирањето кон уште поинтензивна соработка помеѓу земјите кандидатки и Унијата“, рекол на средбата вицепремиерот Маричиќ, информираат владините служби.

„Силна е поддршката и посветеноста на француското претседателство за постигнување договор и деблокирање на нашиот евроинтеграциски процес“, вели вицепремиерот Маричиќ и на десет дена пред одржувањето на јунскиот самит и Конференцијата за Западен Балкан на француското претседателство порачува дека е потребно максимално да се искористи времето за постигнување европско решение помеѓу Северна Македонија и Бугарија, кое со лидерство од страна на ЕУ ќе стави европски печат на иднината на регионот, соопштуваат од Секретаријатот за европски прашања.

Можете да прочитате

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму

Михајловски: Очекуваме поголем број на советници кои ќе го направат Штип подобро место за живеење