Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Низ законски рамки да се изнајде решение за случајот со водоводот во Синичане

Спасовски од Куманово: Градиме за да обезбедиме силен локален економски развој

Важно е да се постапува по закон и Устав и да не се дозволи да имаме анархија и постапување вон законските прописи, истакна премиерот Оливер Спасовски.

Тој апелира низ дијалог во наслелените места во тетовската општина Боговиње да се изнајде заедничко решение за сите и граѓаните на Синичане да добијат побрзо вода за пиење. Спасовски демантира дека со обвинителката Лејла Кадриу водел разговор поврзан со граѓаните на Синичане.

„Нашите граѓани, од Општина Боговиње, јас ги почитувам, ги поддржувам и многу е важно да имаме решение на нивниот проблем, коешто ќе дојде низ законски рамки. Апелирам низ дијалог во населените места во Општина Боговиње се изнајде заедничко добро решение за сите и граѓаните на Синичани да добијат што е можно побрзо вода за пиење“, истакна Спасовски во објава на социјалните мрежи.

Полицијата по добиени сознанија околу активностите за изградба на водоснабителен систем во тетовското село Синичане вчера излегла на лице место на терен при што се прибавени податоци и информации и до Основното јавно обвинителство Тетово е поднесено известување за сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

„Ние како институција, која е задолжена за одржување на јавниот ред и мир, имаме оперативни сознанија и неколку конкретни пријави од локални жители за опасност од сериозно нарушување на јавниот ред и мир и поради тоа на ова место има полициски службеници. Повторувам, со цел да се избегне какво било нарушување на јавниот ред и мир. Полицијата е сервис на сите граѓани и ние сме должни да постапиме во вакви случаи, а за тоа дали и каде треба да се гради водовод, ние немаме апсолутно никакви ингеренции ,туку за тоа се надлежни други институции и тие треба да одлучуваат за тоа“, изјави претходно денеска портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски присуствуваше на Фестивалот „Питијада 2024“ – прослава на велешка пита и вино

ЕУ обезбедува 6 милијарди евра за реформите – Северна Македонија добива зелено светло за предфинансирање

Меџити ја постави дилемата зошто Уставниот суд одлучува со просто мнозинство