Утрински Весник
Македонија

Спасовски-Ди Мајо: Северна Македонија живее историски период за остварување на стратешките цели

Спасовски-Ди Мајо: Северна Македонија живее историски период за остварување на стратешките цели

Скопје, 11 февруари 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски денеска оствари средба со италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо на која се потврдени реформските достигнувања на земјава и нагласено е дека Италија ќе продолжи активно да се заложува земјава да ги почне преговорите со ЕУ.

– Живееме остварување на стратешките цели, по сѐ што постигнавме низ политиките на дијалог и на планот на реформите. Продолживме со реформите и остануваме цврсто определени на спроведувањето на договорите со Бугарија и со Грција. Се радуваме на остварените перспективи во НАТО и го очекуваме заслужениот почеток на преговорите со ЕУ.  Тоа е патот за развој на нашата држава и затоа како Влада остануваме мотивирани кон остварувањето и на оваа цел. Вреднувањето на примерот на позитивни политики што го покажавме како држава, ќе биде силна мотивација и за решавањето на отворените прашања во целиот регион, како и за Европска Унија кон којашто припаѓа и Западен Балкан, истакнал Спасовски.

На средбата, како што информираат од владината прес- служба, оценето е дека влегувањето на земјава во НАТО ќе значи и нови можности за соработка на економски и безбедносен план, како со Италија, така и со другите земји членки.

Покрај реформските достигнувања, потврдени се и воспоставените добрососедски односи и натамошните аргументи што ги дава земјава во определеноста кон напредок, како што е носењето на Законот за јавно обвинителство.

– Поради сето ова, соопштено е дека Италијанската Република како сведок на овие заложби, ќе ја пренесе пораката за оправданост на очекувањата на земјава за отворање преговори со ЕУ и ќе продолжи во првите редови активно да се заложува, тоа да се случи, се наведува во соопштението од Владата.
бак/са/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на СВР Тетово       

Николоски: До 2026 година ќе имаме нови модерни гранични премини на Деве Баир и Ќафасан

Министерството за здравство излезе со детали за починатото бебе