Утрински Весник
Македонија

Состанок на работната група за измени на Изборниот законик

Состанок на работната група за измени на Изборниот законик

Во организација на Министерството за правда во Клубот на пратеници попладнево се одржа состанок на Работната група за измени на Изборниот законик на кој присуствуваа претставници на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА, Алтернатива, Левица, ВМРО-Народна партија, ЛДП, ДОМ, Демократски Сојуз, како и министерот за правда Бојан Маричиќ и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На првиот состанокот кој помина во конструктивна атмосфера се отворија политичките прашања во однос на изборните модели и можните измени. Сите претставници ги изнесоа своите ставови, предлози и размислувања за измените.

Договорено е овие разговори да продолжат следната недела, а на истите да бидат поканети и парламентарните партии на помалите етнички заедници.

Можете да прочитате

СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

СДСМ: Бојан Стојановски нека гласа за минимална плата од 500 евра, наместо да шири лаги за Филипче

ЦУК информира за 12 регистрирани пожари на отворен простор, од кои четири се активни