Утрински Весник
Македонија

Сончево и ветровито со услови за краткотраен дожд

Утре сончево со мала облачност, стабилно време и во наредните денови

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност со услови за краткотраен дожд на северозападот. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено изразен во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 20 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен од западен до северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 24 степени.

Утре и во петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и ќе дува засилен западен ветер. Влажен бран со зголемена облачност и врнежи од дожд во поголемиот дел од земјава ќе има во сабота.

Можете да прочитате

Лабовиќ: Јавното обвинителство е заробено во дисфункционалности

Мицкоски: Продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати

Лабовиќ: Постојат дилеми кај нашата правна елита, аналитичарите и експертите во смисла дека нема систем