Утрински Весник
Македонија

Сончево време со температура до 24 степени

Сончево време со температура до 24 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 2 до 11, а дневната од 17 до 24 степени.

Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 19 степени, јави УХМР.

В петок и в сабота ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во северните и североисточните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено по должина на Повардарието, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени. Потоа во наредните денови времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Македонска делегација го посети ТУМО Центарот за креативни технологии во Ерменија

Ивановска: 170 жртви во Македонија од трагедии се силен повик за будење – народот мора да ја подигне свеста

Притвор за струмичанец, при преглед пронајдена дрога