Утрински Весник
Свет

Советникот на Зеленски: Не планираме контраофанзива пред средината на јуни

Малку е веројатно дека Украина ќе започне контраофанзива против Русија пред средината на јуни, кога се очекува да има значително повеќе оружје донирано од сојузничките сили, изјави советникот на украинскиот претседател Володомир Зеленски.

Политичкиот советник Олексиј Арестович исто така рече дека не очекува офанзивата да донесе значителни резултати за Русија до Денот на победатам на 9 мај.

За потсертување, Русија на тој датум ја слави победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Советникот на Зеленски воедно рече дека се водат борби во фабриката за челик „Азовстал“, во која се сместени украински борци и цивили од Мариупол, но не наведе детали.

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште едно село во источна Украина

 „Брисел ја уништува демократијата во Европа“ – Маск со повик земјите членки да ја напуштат ЕУ

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот