Утрински Весник
Македонија

Скратен полицискиот час за викендов, дозволено движење од 05 до 19 часот

Скратен полицискиот час за викендов, дозволено движење од 05 до 19 часот

Скопје, 8 мај 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук профил соопшти дека на тековната седница на Владата донеле одлука за скратување на забраната за движење за време на викенд.

Почнувајќи од утре, во сабота и недела, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 05 часот до 19 часот.

– Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05 до 12 часот, пишува Спасовски на ФБ. мс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерот Филков ќе магистира на тема за владиниот ресор со кој раководи

МакедонијаСДСМ ги објави имињата на уште тројца кандидати за градончалници

Семејството на смртно прегазената Теодора револтирано: „Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор?“