Утрински Весник
Спорт

Си оди од Јунајтед: Матиќ меѓу Јуве, Интер и Милан

Си оди од Јунајтед: Матиќ меѓу Јуве, Интер и Милан

Манчестер, 25 февруари 2020 (МИА) – Немања Матиќ и дефинитивно е на излезна врата во Манчестер јунајтед. Веќе е извесно дека репрезентативецот на Србија во летниот период ќе замине од „Олд Трафорд“ и најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Италија.

Матиќ е понуден на Јувентус, на Интер и на Милан, клубови кои се поврзуваше и во минатото, но сега и преговорите се обновени, особено што може во некој од нив како слободен фудбалер и без обештетување.

„Росонерите“ на прва се повлекоа од можноста за ангажман на Матиќ поради неговата висока плата во Јунајтед што неофицијално изнесува девет милиони евра. Јувентус засега ги одложи преговорите додека „нероазурите“ искажаа силен интерес за играчот од средниот ред. сѓд/ссм/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара