Утрински Весник
Македонија

Сирија Рашиди: Сега е време за чисто владеење

Сега е време за чисто владеење

На централниот митинг на коалицијата Алијанса/Алтернатива, синоќа во Струга зборуваше носителот на списокот за пратеници во петтата изборна зона Сирија Рашиди, кој рече дека точно во Струга пред 6 години започна процес кој се претвори во моќно политичко движење, што според него годинава заедно со Алтернатива ќе донесе сигурна победа за Албанците.

„Ние стружаните исто така сме и огорчени. Огорчени сме што пред 3 години со помош на Љубе Бошкоски, со помош на државата и службите, на иницијатива на екстремен шовинист, ја нарушија апсолутната политичка волја на албанските стружани. Дами и господа, сега е време за различна влада. Сега е време за чиста влада, сега е време за еднаквост, сега е време за правда. Сега е време за оригинални реформи во образованието и здравството, сега е време за инвестирање во секое албанско село, сега е време за развој, сега е време да се врати надежта, сега е време да се запре егзодусот“, рече Рашиди.

Тој додаде дека е лицемерно да се слушне ДУИ да зборува за правдата.

„Кога корумпираните Албанци и крадци се на слобода, а чесни и невини Албанци се внатре. Затворите се полни со обични Албанци, дури и невини, и оние што имаат место во затвор, денес прават политика“, додаде Сирија Рашиди.

Рашиди истакна и дека се свесни дека на граѓаните во ова време им се закануваат и уценуваат со цел да купат гласови од нив, но тој им вети на граѓаните дека заокружувањето на бројот 5 на 15 јули ќе стави крај на овие практики кои им наштетија со години на Албанците.

Текстот Сирија Рашиди: Сега е време за чисто владеење е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Вработен во МВР, возел во спротивна насока, па му се заканувал на полициски службеник

Претреси низ Македонија за дела поврзани со детска порнографија

Намалена видливост поради магла во Крушево